АД ЕСМ категорично ја демантира лажната вест дека во термоелектраните за производство на електрична енергија во Битола и во Кичево се гори отпад, како што е наведено во текстот со наслов ,,Дневно во Македонија влегуваат до 10 шлепери со ѓубре увезено од Италија?!.
Наведениот текст е целосно невистинит и содржи лажни информации за нашата компанија, со кои се нарушува угледот на најголемиот производител на електрична енергија во државата, АД Електрани на Северна Македонија, а исто така се вознемирува населението, особено жителите во близина на нашите производни капацитети.
Ве информираме дека сите заинтересирани граѓани, новинари, невладини организации и сите засегнати страни можат да ги посетат термоелектраните во Битола и Кичево, да го видат процесот на производство на електрична енергија и да консултираат експерти, како на АД ЕСМ, така и надворешни, кои ќе потврдат дека во термоелектраните не е возможно да се согорува и не се согорува ништо друго освен јаглен. Се вели во демантот испратен од АД ЕСМ
Во фејсбук статусот кој предизвика паника на Фејсбук се споменуваат и топлана запад, фабриката карпош, топлана исток, скопската железарница, печката во дрисла, цементарница.. ВО ОЧЕКУВАЊЕ СМЕ СИТЕ ИНСТИТУЦИИ ДА СЕ ПРОИЗНЕСАТ И ДА ЈА ДЕМАНТИРААТ ОВАА ВЕСТ КОЈА ГИ ВОЗНЕМИРИ ГРАЃАНИТЕ!!!