Адеми: Платата на наставниците и стручните соработници ќе се зголеми за дополнителни 10 отсто


По средбата на претставници од СОНК со министерот за образование Арбер Адеми и премиерот Зоран Заев, одлучено е платата на наставниците и стручните соработници да се зголеми за дополнителни 10 отсто.

Ова го потврди министерот Адеми по средбата.

Јаким Неделков претседателот на СОНК вели дека е задоволен од денешната средба, но дека може и повеќе.

– По основ на понудениот предлог, советот на СОНК мора да расправа. Тоа значи дека ќе ни треба неколку денови да одлучиме дали сме задоволни – вели Неделков.

Смета дека платата би требалод а се зголеми уште неколку проценти од понудените 10 отсто. Смета дека нивно е да бараат, а Владата одлучува дали ќе ги исполни барањата.

Дали ќе има генерален штрајк, вели дека сепак треба да се почека состанокот на советот, а потоа да се дадат конкретни информации.

Инаку, на почетокот на учебната година, на 2 септември, СОНК организираше предупредувачки штрајк, при што повеќето училишта не ги примија учениците на првиот училишен ден. Тие бараа зголемување на платата за 25 отсто, а најавија дека во октомври ќе организираат генерален штрајк, доколку барањата не им бидат исполнети.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1