На масата за Божиќ треба да има од се по малку – за годината да биде бериќетна. За Бадник на посната трпеза треба да има јаткасти плодови, калинка за здравје, костен, орев, обавезно се каснува лук за да се биде здрав. Адетот вели треба да се касне од се по малку. На масата се и сувите смокви, урми и ако го видите списокот на овие работи што уште нашите прабаби го имале ќе видите дека на него се сите најздрави плодови кои ги има на овие простори.
Паричка
Ако паричката се паднала во лепчето за Господ или куќата, годината ќе биде многу добра за целото семејство. Тоа се првото и второто парче, кои се остават настрана кога се дели лебот.
Јаглен
Според јагленот исто така може да се разбере каква ќе биде годината. Потребно е настрана да одделите 12 парчиња јаглен за секој еден од месеците. Колку повеќе пепел останал од нив, толку подобра и плодна ќе биде следната година.
Бршлен
Малку луѓе знаат дека на Бадник на масата се става бршлен. По неговите листови човек може да погодува за здравје. Навечер се ставаат под перница, па ако наутро се свежи, тоа значи човекот ќе биде здрав.
Прислушување на соседите
Имате неомажени во семејството? Сега е време да се разбере името на идната сопруга/сопруг. Невенчаните треба тајно да станат од масата и да ги прислушуваат соседите. Тие ќе се омажат за човек со онакво име, какво што прво ќе го слушнат од соседите. И најважно е дека според пророштвото, ќе го сретнат уште на празниците.