Адвокат бесплатно ќе го брани дедо Љубе


75-годишниот Љубомир Митев, во јавноста познат како Дедо Љубе, од кратовското село Којково, кој во кумановскиот суд одговара за три кривични дела најверојатно ќе добие бесплатен правен застапник.

Advokat-Dedo-Ljube-620x330

Адвокатската канцеларија Георгиевски од Куманово му понуди на дедо Љубе да го брани во судскиот процес без надомест.

„Ние сметаме дека дедо Љубе заслужува да има бесплатна правна помош и најдобра одбрана што може да ја пружи еден адвокат. Ова е предмет, кој е во заштита на граѓаните и никој не смее да си дозволи да посегне по светоста на домот и по семејните вредности за каков било интерес, кој не може да биде повреден од човечкиот живот. Затоа одлучивме да понудиме одбрана. Неговото семејство со одобрување ја прими понудата и сега чекаме конечно да ни потврдат за да ги преземеме сите дејства во негова корист“, вели адвокатот Христијан Георгиевски.

DV.mk

Поддршка за дедо Љубе, човекот кој ја бранеше својата хендикепирана сопруга

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1