Адвокат: Кочан е слободен човек – како може медиумите да знаат пред да го добиеме ние решението?


Адвокатите на бизнисменот Сеад Кочан сè уште не го добиле решението со одлуката на Кривичниот совет да му биде одредена мерка притвор на еден од осомничените во случајот „Труст“ на СЈО.

Никола Додевски, адвокатот на Кочан, изјави дека за притворот дознал од медиумите и дека сè додека одбраната не го добие решението, Кочан е слободен човек.dodovski advokat

„Судот своите одлуки ги објавува на својата интернет-страница. Јас не знам и се чудам како може ваквата информација прво да им биде доставена на медиумите, без претходно за тоа да бидат известени и да добијат решение странките во постапката“, рече Додевски, пред судот, по одложеното рочиште за „шлаканиците“ во Општина Центар.

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, пак, потврди дека добиле известување од судот за притворот на Кочан, но и тие сè уште го немаат добиено решението за одлуката на Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1. Јанева рече дека била известена од судијката дека во текот на денешниот ден треба да го добијат решението.

СЈО го товари Кочан и уште двајца други за фалсификување документи со кои добиле тендер од 17.200.000 евра од ЕЛЕМ за ископ на јаглен и јаловина од рудникот Суводол. Три фирми на тендерот настапиле како конзорциум, а главен носител била „Транс мет“ чиј сопственик е Кочан.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1