Адвокатот на Чавков: Приведувањето е порака е дека пресудата е веќе донесена


Притворање на Митко Чавков два дена пред изрекување на пресудата значи дека таа е веќе донесена, вели адвокатот на Чавков Сашо Дуковски, кој го застапува во случајот за „27 април“.

-Тој ниту поседува вила ниту каква недвижнина во Република Грција. Тој од привор е излезен со гаранција од 600.000евра која би пропаднала доколку избега и која е дадена од негови блиски роднини. Пасошот му е одезмен и се потпишува секој вторник во 9 часот наутро во Судот. За речиси 11 месеци од кога е тој излезен од притвор, ниту еднаш не задоцнил на судење ни една минута, ниту го опструирал на некаков начин судењето. Каква е законитоста на ваквото решение оставам да ценат правните струњаци. За мене ова е тотално незаконито особено ако се има предвид дека ова се определува два дена пред изрекување на пресудата. И ова е порака, дека ќе биде осудителна пресуда и тоа со екстремно висока казна за Чавков, изјави адвокатот Дуковски за ТВ24.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1