Скопје – татко сексуално ја злоставувал 13-годишната ќерка


Малолетно девојче од Скопје неколку пати било силувано од својот татко, информира МВР. Имено, вчера во 01:55 часот во полициска станица 13-годишно девојче од Скопје пријавило дека во повеќе наврати била физички, психички и сексуално злоставувано од нејзиниот татко, 50-годишниот Е.Ф.

Е.Ф. е приведен и задржан во полициска станица. За настанот е известен Јавен обвинител и Центар за социјални работи и се преземаат мерки за расчистување на случајот. Девојчето е згрижено и заштитено. Од страна на стручен тим укажана му е психосоцијална помош, што во континуитет ќе ја добива.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1