Општина Аеродром апелира до Министерството за внатрешни работи и до Сообраќајната полиција да не ги креваат возилата од улиците „23 Октомври“ (поранешна „Владимир Комаров“), „Симеон Кавракиров“, „Васко Карангелевски“, булеварот „Февруарски поход“ и другите околни улички, се вели во соопштението од општината.
-Имено, последниве неколку месеци МВР интензивно ги отстранува возилата на граѓаните од пред нивните згради, каде тие се паркираат 20 години наназад.
Општина Аеродром неколкупати досега се обрати до службите на МВР со барање да ја прекине акцијата за отстранување возила на жителите од пред нивните згради, но без ефект. Затоа сега и јавно го повикуваме Министерството да ја прекине оваа активност, со која преку високите казни директно го погодува џебот на граѓаните, велат од Општина Аеродром.