Аеродромите – расадник на преносливи болести!


Њујорк, Лос Анџелес и Хонолулу имаат најнебезбедни аеродроми во поглед на ширењето болести и пандемии, покажа истражувањето на група научници од институтот за технологија во Масачусетс. Освен луѓе, авионите пренесуваат грип, сарс и туберколоза.


sleep-airport1„Се обидувам пред секое патување да примам вакцина и да користам средство за дезинфекција“,вели Јата Монтрел. Патува често, и постојано стравува да не се разболи.

Вирусите на некои аеродроми напаѓаат многу поагресивно споредбено со други. Научниците ги следеле обемот на сообраќај, бројот на патувања на долги линии и поврзаните летови со одредени аеродроми. „JFK“ во Њујорк и „Laks“ во Лос Анџелес се водечки преносници на болести. Но научниците се изненадени што на третото место следува далеку помалиот аеродром во Хонолулу.

Добро познато е дека инфекциите се шират само со допир на контаминирани површини. Тоалетите во авионите и држачите се извор на бројни инфекции. Здравствените експерти вообичаено предупредуваат – редовната хигиена и средствата за дезинфекција значително ги намалуваат шансите за некакво заболување.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1