Аеродромци ќе имаат бесплатни термини за тенис секој ден


Општина Аеродром го зголемува бројот на термини за бесплатен тенис. Наредниoт месец, почнувајќи од понеделник- 11. август, наместо само за време на викендите, како што беше до сега, бесплатни термини ќе има секој ден.

tenisЗа граѓаните се обезбедени секоја сабота и недела по три бесплатни термини за тенис и тоа од 08:00, од 19:00 и од 20:00, додека од понеделник до петок ќе има по пет бесплатни термини и тоа од 09:00, од 10:00, од 11:00, од 17:00 и од 20:00 часот.

Еден термин, кој трае по еден час, ќе можат да го користат двајца или четворица за „дабл“ игра.

Граѓаните кои ги користат тениските игралишта со себе треба да носат соодветни обувки за да не се уништува теренот, тениски рекети, како и документ за лична идентификација, од кој се гледа дека се жители на општина Аеродром.

Инаку, граѓаните кои се заинтересирани за користење бесплатни термини на тениските игралишта можат да се пријават на општинската електронска пошта: besplatentenis@aerodrom.gov.mk и да остават податоци за име, презиме и телефон за контакт, името и презимето на лицето, односно лицата, со кои ќе го користат терминот, како и терминот за кој се заинтересирани.

Граѓаните се избираат по принципот- кој прв ќе закаже термин за бесплатно користење на тениското игралиште и тоа од понеделник од 08:30 часот до петок до 10:00 часот за претстојната недела, почнувајќи од викендот, по што на општинската интернет страница www.aerodrom.gov.mk секој петок во 10:00 часот се објавува неделна листа на корисници.

Истиот принцип на пријавување важи за секоја наредна недела. Доколку има повеќе пријавени граѓани од капацитетот на игралиштата, предност ќе имаат граѓаните кои не ги користеле терените претходната недела.

Бесплатните термини за тенис можат да ги користат само жителите на општина Аеродром.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1