Уапсени насилниците кои не сакаа да ја слушаат „Распукала Шар Планина“ во Скопската чаршија


Министерството за внатрешни работи идентификуваше и приведе две лица за кои постои сомневање дека се извршители на насилството кое пред два дена се случи во Старата скопска чаршија.

nu-orleansЛицата се сомничат дека поради пуштање на македонска музика, влегле во кафулето „Њу Орлеанс“ и искршиле две стакла и компјутер кој бил сопственост на Диџејот. Кога вработената сакала да се јави во полиција лицата и го одзеле телефонот и го скршиле удирајќи го од земјата.

По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесе пријава и истите ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка.

Од полицијата информираат дека и понатаму се работи на идентификување на останатите лица кои учествувале во инцидентот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1