АФЕРА „ЛИЧНИ КАРТИ“: Спасовски откри нови детали


Истрагата за фалсификуваните лични карти продолжува, но во меѓувреме дел од медиумите објавуваат фотографии од осомничените кои покажуваат дека покрај со министерто за внатрешни работи Оливер Спасовски се среќавале и имале комуникација и со лидерот на Социјалдемократите, Зоран Заев. Медуимите тврдат дека истрагата открила дека осомничените во фабриката, покрај запленетата опрема и фалсифиактите поседувале и 70.000 од незаконски снимените аудио материјали. Министерот Спасовски без конкретен одговор – дали се познава со осомничените за фалсификување лични карти.licni karti

„Имам контакт со многу граѓани на Република Македонија и од оваа позиција и од позицијата која претходно ја имав и тоа воопшто не е важно. Важно е дека се води истрага против секој еден кој што направил некаков вид криминал или осномничен за било каков криминал“, вели Спасовски.

Во период од 2009 до 2014 година се штанцале лажните лични карти кои ги вештачеше МВР, информираше денеска министерот Оливер Спасовски.

Тој на прес конференцијата порача дека никој нема да го спречи да открие кој е фалсификаторот и нарачателот потенцирајќи дека тој што згрешил пред Законот ќе одговара.

Заменикот-министер во МВР, Митко Чавков вели дека треба да се открие со кого се биле поврзани тројцата осомничени. Тој веќе најави дека во истрагата ќе бидат вклучени и партнерски служби бидејќи тие вршеле криминал и надвор од земјава.

„Колегите од одделот за борба против организираниот криминал по насока на јавното обвинителство ќе продолжат со ситематската и темелна истрага за да расчистиме многу други дилеми- со кој биле поврзани, колку време биле вклучени во тие криминални активности, опсегот на криминалните активности, како и каде се употребени“, вели Чавков.

Министерот Спасовски вели дека се прави темелна истрага со чии резултати ќе биде запознаена и јавноста. Според него, злоупотребени се идентитетите на граѓани и во скоро време најавува нови сознанија.

„До овој момент она што можам да ви го соопштам е дека истрагата е исклучително комплексна, повеќеслојна и крајно чувствителна, но и дека одредени сознанија веќе постојат и тие наскоро ќе бидат предочени“, изјави Спасовски.

Истрагата треба да утврди за какви потреби се фалсификувале личните документи. Веќе се утврди дека личните карти не биле употребени во изборен процес.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1