Агенцијата за лекови на ЕУ ја одобри вакцината на Фајзер/Бајонтек


Европското регулаторно тело за лекови ЕМА препорача вакцина против Ковид-19 од фармацевтските компании Фајзер и Бајонтек.

ЕМА препорача Европската комисија сега да додели условно одобрение за ставање во промет на вакцината, што треба да се случи за два дена.

Дистрибуцијата на првите вакцини против Ковид-19 меѓу земјите-членки на ЕУ би започнала во исто време – на 26 декември, а вакцинациите еден ден подоцна.

ЕУ потенцира дека условите за вакцинација ќе зависат од националните стратегии на земјите-членки.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1