Агенцијата за храна апелира: Не јадете црн дроб од дивеч, има тешки метали


Да не се јаде црниот дроб од дивечот зашто содржи поголема количина тешки метали од дозволената, апелира денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов.На прес-конференција Атанасов информира и дека две ловни друштва пријавиле појава на трихинелоза кај дивечот, а се следат и бруцелозата, птичјиот гирп, африканската и класичната свинска чума, како и беснилото кај лисиците. Веќе се дадени препораки, како да се постапува во случаите со трихинелоза.

– Во црниот дроб на дивечот, посебно кај дивата свиња, дивите птици и зајакот, се утврдени поголеми количини олово, кадмиум и жива поради што се препорачува овој орган да не се консумира. Особено ова важи за ловџиите кај кои, традиционално, по ловот, најпрво се јаде црниот дроб и тоа е вид гоштевање, нивно и на семејството -истакна Атанасов.

Најголеми отстапувања во присуството на тешки метали во црниот дроб има кај дивечот во реоните на Гевгелија, Велес, Куманово, Прилеп и Струга, додека само лани, во четири случаи се утврдени повеќе тешки метали и во мускулното ткиво.

Се претпоставува дека присуството на тешки метали доаѓа од почвата.

Трихинелозата, објасни Атанасов, е паразитарно заболување кое може да се пренесе од животните на луѓето. За да се заштити населението, не треба да јаде такво месо. Сепак, термичката обработка на високи температури е еден вид заштита. Препораките се, заловениот дивич да се однесе на испитување.

– Онаму каде што утврдивме присуство на трихинела, кај четири случаи, труповите термички ги обработивме и ги уништивме со закопување во земја. Тоа е најбезбедниот начин. Воопшто не се пуштени во промет – подвлече Атанасов.

Одговорајќи на новинарско прашање, Атанасов рече дека во Македонија нема од белгиското месо за кое се претпоставува дека е старо над 12 години.

– Пристигнати се количини месо од Белгија, но не и од компанијата што е во РАСАФ системот на ЕУ, истакна директорот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1