Агенцијата за вработување ќе нè учи да плетеме и да веземе


Агенцијата за вработување ќе објави оглас за сите заинтересирани кои ќе сакаат да се обучат за плетење, шиење или везење.

pletenje agencija– На ваков начин ќе им овозможиме соодветен вид образование, да добијат сертификат дека можат да бидат самостојни во плетење, везење и шиење и подоцна да бидат успешни бизнисмени – рече директорот на Агенцијата Влатко Попоски.

Фирма за машински и рачнo плетени парчиња облека која ги извезува своите производи и надвор од Македонија е еден од бизнисите реализирани со помош на кредит за самовработување од Агенцијата за вработување

– Ова е бизнис во кој се вложува многу мака, но на крај се исплатува. Нашиот корисник е успешен бизнисмен кој веќе година и пол опстојува на пазарот и ги пласира своите производи. Ова е активност која изумира полека. Ние, сакаме да ги вратиме занаетите на картата на постоечки бизниси, бидејќи се повеќе и повеќе има туристи во Македонија и тие сакаат да земат некое парче кое ја означува Република Мкаедонија, традицијата, историјата – рече директорот на Агенцијата Влатко Поповски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1