Агим Красниќи осуден за подготвување тероризам


Агим Красниќи од Кондово денеска доби нови шест години затвор за подготвување тероризам, односно за закани за напад на Скопје, дело за кое пред неколку години судот го ослободи, објави Телма.

agim krasnici

Судот во Скопје на 8 години затвор го осуди и неговиот брат Бесим, исто како и останатите осумина, од кои петмина се во бегство.

Телевизијата објави дека сите биле снимени во реонот на село Кондово со тешко пешадиско вооружување и униформи како во ровови вежбаат напад на Скопје.

Според обвинението, на 2 март 2005 година во село Кондово во месноста Борови, обвинетите подготвувале извршување кривично дело тероризам, со намера да ја загрозат безбедноста на Република Македонија. Сериозно се заканиле со предивикување акт на насилство, облечени во воени униформи и вооружени со автоматски пушки снајпер, зољи и ракетни фрлачи.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1