Али Ахмети не откри за кои конкретни грчки предлози за решавање на спорот со името се разговарало во Атина при неговата средба со шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас, покрај вчерашните најави од неговата партија дека токму спорот ќе биде единствена тема на разговор.
Јас сум отворен и сите мислења и размислувања ги пренесувам кај коалициските партнери. Видов подготвеност и добра вољња од страна на министерот за надворешни работи на Република Грција во правец на изнаоѓање решение, изнаоѓање на компромисно решение. Оваа воља секако ќе ја пренесам во Скопје, со надеж дека двете страни ќе имаат добра воља за решение.
Средбата траеше час и половина и секако дека разменивме мислења и идеи, додава Ахмети, на прашањето дали се разговарало за конкретни предлози.