На 44 години почина македонски новинар – Двојаковски ја изгуби битката со болеста


Утрово во болницата во Токуда во Софија, почина новинарот Зоран Двојаковски од Берово.

На 44-годишна возраст, тој ја изгуби борбата со болеста. Пред 4 месеци нему му беше дијагностициран тумор на бешиката.dvojakovski novinar

Веста за смртта на Зоки болно одекна во неговото родно Берово. Двојаковски беше член на ЗНМ и сопственик и уредник на веб-порталот за Малешевијата, Малеш-нет. И покрај неговиот хендикеп и инвалидската количка, Зоки за своите сограѓани претставуваше симбол на урбан херој, симбол на оптимизам и пример на човек, пред кого не постоеја бариери, пренесе Канал 77.

Двојаковски зад себе остави мајка и две сестри. Неговото тело се очекува да биде донесено најдоцна утре по што ќе биде извршен погребот на градските гробишта во Берово.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1