Ахмети и подари на германската амбасадорка маица со Мустафи


Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети во вторникот во партиското седиште во Тетово ја пречека на проштална средба германската амбасадорка во Македонија, Гудрун Штајнакер.

ahmetiАхмети на амбасадорката Штајнакер и подари една посебна маица со фотографија на играчот со албанско потекло во германскиот национален тим, Шкодран Мустафи, со гестикулации на двоглавниот орел, слика направена веднаш по прогласувањето светски шампион, се вели во соопштението.

Лидерот на ДУИ упати честитки за победата на Германија на Светското првенство во Бразил и истакна дека и Албанците беа среќни за овој успех. Лидерот Ахмети исто така ја поздрави денешната изјава на германската канцеларка Ангела Меркел во Дубровник која ја истакна поддршката на Германија за потребата за решавање на прашањето за името и пронаоѓање компромис со нашиот јужен сосед.

Токму посветеноста на Германија и другите земји од Европската унија, во соработка со Вашингтон, кон постигнувањето на компромис, е од клучно значење за решавање на трајниот спор меѓу Македонија и Грција. Соговорниците исто така разговараа и околу судските реформи, владеењето на правото и слободата на медиумите како критериуми и како дел од реформите кои мора да бидат исполнети од Македонија на патот кон Европската унија, се вели во соопштението на ДУИ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1