Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, одби да го коментира случајот поврзан со функционер на партијата Бекир Асани, кој како што информира МВР, вербално нападна полициска службеничка.
– Не разговаравме за изолирани ситуации. Со тоа нека се занимаваат органите на правдата, рече Ахмети, на новинарско прашање по средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.