ВМРО-ДПМНЕ: Манипулациите на Оливер Спасовски веќе не поминуваат


ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на денешната изјава на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

„Срамен е начинот на кој што СДСМ ги потценува граѓаните.

Вчера јавноста беше сведок на настан во кој што целиот врв на Министерството за внатрешни работи ја повика полициската службеничка на состанок, за да им претстават на граѓаните дека таа не била повредена од партиски функционер, туку сама се повредила вршејќи ги службените задачи. Да не беше трагична ќе беше смешна верзијата дека пајакот ја повредил.

Несфатливо е зошто Министерот, државниот секретар и директорот на бирото за јавна безбедност остваруваа средби со полицајката доколку навистина немало никаков напад и доколку без причина полицајката барала помош во градската општа болница?

Зошто доколку не постои никаков случај и доколку нема намера да биде заштитен некој партиски моќник, Спасовски, Велковски и Несторовска не се посветија на откривање на насилникот што избоде момче на Рекорд. Патем, насилникот е уште на слобода.

Подобро е Спасовски да не се обидува да ја манипулира јавноста дека и овој инцидент не се случил.

Манипулациите на Оливер Спасовски веќе не поминуваат“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1