Ахмети: Прифатливо е Горна или Северна Република Македонија


Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, во интервју за Дојче Веле, тврди дека за Македонија е прифатлив предлогот на пример Горна Република Македонија или Северна Република Македонија.

Ние како Албанци ги информиравме сите партии од македонскиот политички блок со кои имиња не се согласуваме. Не се согласуваме земјата да се нарекува Словенска Република Македонија, ни Национална Република Македонија, ниту пак да остане во употреба Поранешна Југословенска Република Македонија. Секој друг компромис за нас е прифатлив. На пример: Горна Република Македонија, Северна Република Македонија и сл.

ahmeti– Моментно има една идеја од посредникот Метју Нимиц и поради таа причина ДУИ ја има и оваа нагласена дипломатска активност, зашто оценуваме дека сега е моментот страните да седнат на заедничка маса. Јас, меѓутоа, не сум оптимист дека ова прашање ќе се реши сега во јуни со што би ги започнале преговорите за членство во ЕУ – вели Ахмети.

Приоритетните цели на Албанците кои живеат во Република Македонија, нагласува Ахмети се целосната имплементација на Охридскиот договор, интеграцијата на земјата во НАТО и ЕУ, економскиот развој и градењето здрави меѓуетнички односи меѓу сите кои живеат во земјата Македонци, Алабанци, Власи, Турци, Роми и Босанците.

За тезата дека сите Албанци на Балканот треба да живат во една држава „Голема Албанија“, Ахмети нагласува дека „проектот за Голема Албанија е роден во големосрпските центри на Милошевиќ со цел да се отфрли легалното барање на Албанците кои тогаш живееле во поранешната Југославија.

Дојче Веле

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1