Али Ахмети денеска упати честитка по повод Божиќ.
Ми причинува особена чест да им го честитам големиот православен празник Божиќ на сите православни верници. Божиќ е голем и значаен православен празник со кој се слави раѓањето на Исус Христос и не соединува во искрените взаемни желби за здравје, успех, среќа и меѓусебно разбирање и почит. Со векови славиме, се почитуваме, веруваме и се радуваме заедно. Тука сме еден за друг и затоа од се срце ви посакувам здравје, среќа, спокој и благосостојба за вас и вашите семејства. За многу години драги сограѓани, стои во неговата честитка.