Идејата, според министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми, е да се направи посебно регулаторно тело за води и да се воспостави систем за тарифирање на водата, што сега е во надлежноста на општините.
– Во земјава секоја општина има посебна методологија, за која немаме увид дали се применува или не. Идејата е да имаме унифицирана методологија, според која ќе се утврди точната цена на вода за пиење и третман на води што значи треба да утврдиме реална цена за водата со цел да имаме самоодржливии системи. Секоја општина ќе треба да има посебна цена на водата за пиење и за третман на отпадни води, каде ќе бидат калкулирани сите трошоци за вода, што можеби ќе значи повисока цена за вода за граѓаните, но и поквалитетна услуга, за количините и квалитетот на водата, појасни Адеми, пренесува Економски.мк
Македонија, додаде, како земја кандидат за членство во Европската унија е исправена пред големи предизвици во секторот води, посебно во однос на исполнувањата на барањата содржани во директивите на ЕУ кои се однесуваат на водоснабдувањето, собирањето и третманот на отпадните води.
Проектот ќе ги предложи најдобрата методологија за навремена имплементација, ќе ги разгледа досегашните тарифи за вода, а крајниот резултат ќе биде предлог на нови тарифи, а паралелено со тоа ќе биде направен економски инструмент за избалансирано тарифирање, рече евроамбасадорот Орав.