Ајкула која оди откриена во водите на Индонезија (Видео)


Ајкула која оди, пронајдена е во водите околу островот Халмахера, во непосредна близина на источна Индонезија.

ajkula-sto-odiАјкулата “Hemiscyllium halmahera” наместо да плива, ги користи своите перки и тенки нозе за да се движи по дното на океанот и да ги лови помалите риби и ракови.

“Оваа ајкула не е опасна за луѓето и не плива, а се движи како гуштер и ги нема забите кои што се карактеристични за ајкулите”, објаснува Марк Ердман, советник во “Conservation International”.

Поради неможноста да плива, оваа ајкула се храни само со малечки животни кои што се наоѓаат на морското дно, како што се ракчињата, шкампите, школките и малите риби. Таа тежи само 1,5 килограми и долга е 83 центиметри, а плива само кога е во опасност од други предатори.

Сепак, ова не е првата ајкула која оди во индонезиските води.

walking-shark0

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1