Топлификација во акција, наплаќа стари долгови од пред десет години. Досега кај извршителите компанијата пратила 15 000 предмети. Најмалиот долг е до 1000 денари, а некој треба да плати и до 50 000 денари , наводно за камата за неплатена сметка од 2003 или од 2007 година.
Уште еден проблем е тоа што на граѓаните за овие долгвои им се блокирани и сметките, за одблокада на истата треба да платата до 1200 денари. Дел од граѓаните се револтирани тврдат не должат ништи. Толку години не добиле ниту една опомена. За наводниот долг биле известени по телефон дирекно од канцеларијата на извршителот.
На оваа жена за една сезона пресметан и е долг од речиси 2000 евра за сметка која е платена.
Меѓу граѓаните има и такви кои изјавија дека добиле известување за долг за стан во кој таа година не биле вселени.
Од Топлификација за Сител изјавија дека долговите се тие и граѓаните се известени.
-Ние мора да ги наплатиме тие долгови за кои граѓаните се известени Акционерите си ги бараат парите . Топлифгикација ги користи сите законски механизми. За оние со поголеми долгови има и поволности – да го враѓаат на рати. Оние пак кои ќе се спогодат со извршителот ќе им биде стопирана каматата. Луѓето кои не должат ништо уредно се известени, изјави за Сител Драги Макинаџиев- портпарол на топлификација.
Од топлификација изјави дека не е нивна кривица што за долгови од 2003 граѓаните сега се известени. Се чекало долго зошто административните процедури биле долги, велат од компанијата.
Оние пак кои сметките ги имаат подмирено, а добиле известување за долг, грешката од Топкификација ќе ја корегираат.
Топлификација повеќе од година дена не ги снабдува граѓаните со греење.
Нејзиниот бизнис го превзеде компанијата Балкан Енерџи Груп.
Сител