Ако фрлите пикавец на улица – ќе си платите казна 68 евра


Ако фрлите отпушок од цигара на улица бидете подготвени да си платите казна во износ од 68 евра. Оваа мерка веќе стапи на сила во најтуристичкиот град на земјава. Во Париз е покрената голема кампања со цел да се подигне свеста кај населението за проблемот со отпушоците од цигари на јавни места, но и да се предупреди јавноста за воведување на казна за фрлање на отпушоците.

smoking_30_m1929191

Пред да биде воведена казната, градските татковци поставиле плакати ширум градот со кои ги повикувале Парижаните и посетителите да се воздржат од фрлање на отпушоци кои претставуваат сериозно еколошко загадување.

Како што пренесуваат француските медиуми,секоја година на улиците во Париз се собираат околу 350 милиони тони отпушоци. На о вој токсичен отпад кој ја загадува и земјата и водата, му се потребни од 4 до 12 години да се распадне целосно.

Битката против отпушоците не се воведува само преку билобордите, туку и со конкретна акција во рамки на територијата на градот билепоставени 30.000 канти за отпадоци, по една на секои 100 метри, на кои има метална плочка за гаснење на цигарите.

Парижаните имаат прилика да се навикнат на новиот режим до септември кога на сила ќе стапи новиот закон по кој секое фрлање наотпушок на улица е се казнува со сума од 68 евра.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1