Ако ги убие жена нема да одат во рајот – Жените војници сеат страв околу џихадистите


Организацијата за човекови права во Сирија објави како борбите против исламистите во Кобане ги водат жени!

“Mayssa Abdo, позната и како Налин Африн заповеда со YPG (курдска единица за заштита) во Кобане заедно со Махмуд Баркходан”, изјавил водителот на организацијата Рами Абдел Рахман. Ирак се потпира врз курдската армија – Пешмерг, откако борците на Исламската држава напредуваат кон Багдад. Една единица Пешмерг се состои само од жени и со нив командува харизматичната Налин.zeni kurdi

“Оние кои ја познаваат велат дека е културна, интелегентна и флегматична. Дека се грижи за менталното здравје на своите војници и се интересира за нивните проблеми”, изјавил активистот Мустефа Ебди.

Сите жени од Пешмег се волонтери. Мајките одредено време поминуваат со децата и тренираат два пати недело, додека останатите жени тренираат секој ден. Како да ракуваат со оружје ги обочуваат припадници на SWAT (Special Weapons And Tactic), посебни сили од редот на законот. zeni kurdi2

Овие жени се горди што се борат против Исламската држава. “Чест е да се биде дел од модерната муслиманска држава која им овозможува на жените да ја бранат својата татковина. Сите имаме ист третман како и машките колеги, така е утврдено со закон”, изјавила една анонимна војничка.

Џихадистите се плашат од жените на воените полиња. Всушност, тие веруват дека доколку умрат во борба, во рајот ги чекаат девици. Но, доколку во војната бидат убиени од жени, за нив ќе нема девици. Со тоа женската сила само со својата појава е значаен фактор во борбата против овие фанатици.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1