НАСА: Светот урива температурни рекорди, септември најтопол до сега


Изминатиот семптември беше најтоплиот досега забележан, тврдат експертите од НАСА.toploten

Со овој податок, продолжува уривањето на температурните рекорди годинава. Досега рекордите ги урнаа мај и август, а ако се продолжи со овој тренд и целата 2014 година би можела да биде најтоплата откако се бележат овие податоци.

Сепак, климатолозите се согласни во едно – иако ваквите температурни рекорди се многу значајни, тие претставуваат само еден дел од сложувалката која упатува на долгорочен тренд на затоплување.

Последните неколку месеци се забележува импресивен пораст на температурата во Тихиот и Индискиот Oкеан, што одигра голема улога во рекордно високите температури.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1