Верувале или не, старите мобилни телефони повторно се на цена. Популарните Нокиа 3310, 8210 и телефоните од таа серија во моментов се продаваат „како алва“.
Голем број корисници се враќаат на телефоните чија батерија трае по една недела, полесни се за ракување и практично не се уништуваат.
Џесем Хадад кој веќе 5 години успешно води веб сајт за продажба на стари телефони, вели дека во последните неколку години, продажбата значително скокнала.
На пример Nokia 8800 Arte Gold се продава за неверојатни 1.000 евра, а обична Nokia 8810 може да се купи за 250 евра. На цена е и 8210 за која корисниците плаќаат по 60 евра. Околу 10 евра помалку е легендарната 3310.