Ако голема Албанија е мит, зошто ја рушат Македонија?


Ако голема Албанија е мит, зошто ја рушат Македонија? Во септември годинава среде Скопје релевантна политичка сила прогласи Република Илирида. Kога Србија на соединувањето на српскиот народ изминатите години би работела на ист начин на кој дејствува Албанија на соединувањето на Албанците, би била бомбардирана – истакнува Чедомир Антиќ, српски историчар за „Вечерње новости“.

albanija

Тој смета дека однесувањето на елитата од албанскиот народ во Тирана и Приштина покажува голема фрустрација.

– Тврдат дека голема Албанија е мит, а потоа крпата со карта од тој мит и сликата од еден австриски агент ја нарекуваат национален симбол. Политичарите кажуваат невистини на многу отмен начин – додава Антиќ.

Одговарајќи на прашањето од кои интереси на Балканот бил воден Вашингтон кога застанал зад косовските Албанци и нивното отцепување, српскиот историчар вели дека најпрвин тука е потребата Студената војна да биде продолжена до распад на Русија, но и неспособноста на српската елита да го сфати времето, наведувајќи притоа дека Милошевиќ имал седум години да направи нешто на Kосово и Метохија, но само ја зголемил корупцијата. Антиќ смета дека, освен на Албанците, „природна Албанија“ би ~ одговарала веројатно само на Турција.

antic istoricar

– САД, Британија и Германија (претставуваат надворешнополитичка заднина на нашата народна несреќа) го спонзорираат опстанокот на Македонија и на Црна Гора, кои не би постоеле доколку би била создадена обединета албанска држава (бидејќи Скопје и Подгорица се во рамките на нејзините граници), а слично е и со Грција – истакнува историчарот.

Антиќ ги наведува САД и Германија како сили што имаат најголемо политичко, воено и економско влијание на Балканот и смета дека балканските народи би имале поголема самостојност кога граѓаните би биле позрели и посветени на демократските вредности, а елитите поодговорни и помалку корумпирани.

Според Антиќ, САД и ЕУ преку Специјалниот суд за злосторства на ОВK одлучиле да ги дисциплинираат Албанците, но откако им дале држава. Според него, односите меѓу Западот и Албанците ќе останат непроменети.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1