Ако ИД не биде запрена, може да стигне до Бугарија и до Романија


Сириски курдски претставник предупредува дека терористичката група Исламска држава може да ги окупира Турција, Бугарија и Романија, доколку не биде запрена, пренесе БТА

djihad balkan
– Ситуацијата во сирискиот град Кобане е клучна. Ако терористичката група Исламска држава ја преземе таа зона, ќе бидат разделени двата сириски курдски региони Африн и Џезире, што ќе го ослаби нашиот отпор, изјави Гариб Хасу, претставник во ирачки Курдистан на сириската партија Демократски сојуз.

Во изминатите денови терористичката група Исламска држава зазеде три квартови на сирискиот курдски град Кобане, стратешка зона распоредена на границата со Турција.

Исламска држава презеде големи реони во Сирија и Ирак, каде што прогласи „исламски калифат“. Лидерот на организацијата во јули предупреди дека Шпанија е „нејзина легитимна територија“ и покажа карта на калифатот во која исто така беа и Романија, Бугарија и Грција, објави романскиот весник „Гандул“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1