Соларна активност ќе влијае на илјадници претплатници на услугите на кабелските телевизии во период помеѓу Четврток и 12 октомври.
Велат дека пречките не би биле долги и би траеле неколку минути
Ако вашиот ТВ прием е со нејасен звук, кој доцни, а сликата лоша, во следните неколку дена, не обвинувајте ги веднаш вашите кабелски компании – обвинете го сонцето.
Вакви бури се случуваат во текот на пролетта и есента, кога сончевото зрачење се меша со сателитските сигнали, изјавил Метју Темплетон од Американската асоцијација за набљудување на активностите на сонцето.