Ако имате ваква боја на очи, поголеми се шансите да станете алкохоличар


Американските научници од Универзитетот Вермонт откриле дека луѓето со посветла боја на очите се под поголем ризик да станат зависни од алкохол.

Најголем ризик имало кај луѓето со сини очи, а најмал ризик за алкохолизам е забележан кај личностите со потемни очи.oko

Арвис Суливари и Да-веј Ли, генетичари од Универзитетот во Вермонт, анализирале 1.263 луѓе со светла боја на кожата во врска со зависноста од алкохол и откриле дека луѓето со посветли очи, имаат поголема сколност кон претерано консумирање на алкохол.

Стручеаците објаснуваат дека гените кои ја контролираат бојата на очите се сместени на ист хромозом како и гените кои се поврзани со зависноста од алкохол.

Една студија од 2000 година покажала дека жените кои пијат, а имаат посветли очи имаат поголеми шанси да станат зависници од алкохол. Поранешните истражувања покажале дека синооките луѓе имаат и помала толеранција на болка.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1