„Ако ја испратев можеби ќе беше жива“ – Другарот на Тијана скршен од болка


Тијана Јуриќ која беше брутално убиена од Драган Ѓуриќ, навечер се плашела да оди сама. Кога и да била сама мислела дека некој ја следел.
Ноќта кога исчезна е првата ноќ кога таа излегла некаде сама по долго време.
bajmok-tijana500Нејзиниот другар Стефан скршен од болка за српскиот Ало си ја отвара душата и раскажува за несреќното девојче:
– Откако исчезна си го враќам постојано филмот во глава. Се прашувам дали можеби ништо од ова немаше да се случи доколку ја испратев јас до дома. Знам дека судбината така сакала, но не можам да престанам да размислувам за сево ова, вели тој скршен од болка.
За Тијана вели дека секогаш била насмеана и весела и немало човек кој не ја сака.
Сите кои го познаваат Стефан велат дека откако ја чул трагичната вест која го обои регионот во црно, постојано седел и гледал немо во една точка. Иако знае дека не е виновен, и дека Тијана се нашла во погрешно време на погрешно место, се чуствува виновен и се прашува што би било ако тргнел со неа вечерта кога исчезна. Тијана му рекла дека сака да си оди сама, па затоа и тој не настојувал.
Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1