Ако ја тепате жената ќе платите 5.000 евра казна


Владата подготвува нов закон за семејно насилство, со кој се предвидуваат и многу повисоки казни за насилниците, кои ќе бидат и парични – од 2.500 до 5.000 евра казни.

nasilstvo - tepanjeСудските забрани за приближување на насилникот до жртвата ќе се издаваат во рок од 24 часа. Жртвите ќе бидат сместувани во Центар за жртви, каде ќе добијат медицинска и правна помош, помош за школување на дете, како и вработување. Сите институции кои ќе бидат вклучени во заштита на жртвата, ќе бидат меѓусебно поврзани. А во ситуации кога постои опасност по животот на жртвата, експресно ќе се изготви безбедносен план, информираа министрите за труд и социјална политика и за внатрешни работи, Диме Спасов и Гордана Јанкулоска.

Воведени се и парични казни за насилникот. Ако не ги почитува судските мерки за заштита ќе треба да плати казна од 2500 до 5000 евра. Во наредниот период предлог законот ќе биде ставен на јавна расправа во која ќе може да учествуваат невладини организации, експерти и институциите.

Од 2011 година до април годинава биле сторени 2073 кривични дела со елементи на семејно насилство, полицијата постапила по 13 000 поплаки. 90 проценти од жртвите се жени.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1