Ако купувате од Али Експрес еве како да се заштитите


Пакет нарачан преку интернет страната Али Експрес утрово безбедно пристигна од Кина во Македонија. Среќниот купувач за само неколку недели го доби нарачаниот производ на својата адреса. Сепак ваква среќа немаше скопјанката Гордана Максимовска која на својот фејсбук објави слика од палтото кое го нарачала преку популарниот Али Експрес и она кое и пристигнало дома. За да и ги вратат парите таа треба да го врати палтото во Кина во рок од 10 дена, за што треба да плати околу 100 евра. Оваа слика наиде на бројни реакции кај граѓаните кои ги раскажуваат своите искуства од интернет пазарувањето.

1012-debitcard_full_600

„Не се порачува првото нешто што ќе го видите. прво треба да истражите малку и да видите каде има слика од производот на закачалка и слика од материјалот, а не само слики од модели. Друга работа што треба да напаравите е да читате коментари од други купувачи, колкав е рејтингот на продавачот. Кинезите се познати по тоа што прават копии на се што постои, а поената е да ја најдете најдобро изработената копија.“

„Не се порачува преку интернет, се е измама. Никој не треба да порачува од слика зошто едно гледаш, а друго добиваш“

Јас порачував разни опреми за нокти и се беше ок, но последните три пратки кои се пристигнати до Скопје веќе 5 месеци не можам да ги подигнам и не знам каде да се обратам“

Македонците имаат и позитивни и негативни искуства од пазарувањето преку овој најпопуларен сајт за продажба. Нивните ставови се едногласни: порачувањето преку интернет е ризично и потребна е голема внимателност.

Press24.mk

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1