Ако купувате цвеќе подобро прочитајте – кој цвет и којa боја што значат


g_osmi-martРозева боја

Розевата ги претставува учтивоста и среќата. Отворените ливчиња на розевото цвеќе симболизираат младост, невиност и радост.

Жолта боја

Цветот со жолта боја претставува симбол на пријателството, среќата и испраќа пораки за нови почетоци.

Портокалова боја

Ја симболизира енергијата, ентузијазмот и топлината. Аранжман со цвеќиња со портокалова боја ја пренесува самодовербата, задоволството и страста за животот.

ирисВиолетова боја

Потеклото на виолетовата боја е врзано за кралското семејство, па така оваа боја на цвеќе претставува достоинство, гордост и успех. Темни нијанси значат длабочина и восхит, светло виолетови – остварување и почит.

Сина боја

Темно сината нијанса на ирисот може да ја смири загриженоста и преокупацијата и претставува мир, отвореност, чесност

Зелена боја

Зелената боја е синоним на природата и претставува здравје, еластичност, добра среќа и младост.

12

Црвена боја

Црвената боја пред се претставува енергија, која има моќ да се трансформира во страсна љубов. Со карактеристики како убавина, храброст и топлина, црвеното цвеќе е најпосакувано кај жените.

Бела боја

Оваа боја често се поврзува со невиноста, смиреноста и почитта, скромноста и елеганцијата.

 

Роза

Црвената роза симболизира љубов, романса, убавина и совршенство.

Орхидеја

Орхидејата е позната како редок цвет и е симбол за љубовта, убавината, луксузот и силата. Плус, со подарувањето орхидеја испраќате порака дека имате несекојдневен стил на заведување. Личноста која подарува една орхидеја има подив темперамент од личноста која подарува цел букет рози.

герберГербер

Герберот ја симболизира убавината, невиноста и чистотата. Овој цвет може да се најде во повеќе бои, кои заедно во комбинација означуваат поттик и енергичност.

Лале

Лалињата означуваат совршена љубов. Овој елегантен и лесно препознатлив цвет е еден од најпопуларните, покрај розата. Со подарување на овој класичен цвет, пренесувате топлина и чувство на удобност.

Гарденија

Овој елегантен цвет означува чистота и радост, но подразбира и старомодна длабока љубов. Мажот кој на жената ѝ подарува гарденија, значи дека има заедничко минато со неа. Гарденијата е доста скап цвет и се продава единствено на парче, а не како букет.

Каранфил

Каранфилот означува нова љубов и фасцинантност. Букет од каранфили означува срдечност.

5-Znachenjeto-na-cvekjinjata-www.kafepauza.mk_

Бел крин

Белиот крин означува убавина, класа и стил. Личноста која подарува бел крин е софистицирана и одлично ја познава личноста за која е наменет цветот.

Сончоглед

Претставува топлина, среќа и верност.

Ирис

Ирисот, или кај нас познат како перуника, може да се најде во сина, бела или жолта боја. Во некои делови од светот, темно синиот или виолетов ирис симболизираат кралско достоинство. Но, без разлика на бојата, ирисот означува вера и надеж.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1