Ако летот е одложен барајте си ги парите – еве кои се вашите права


Пренасочување на друг лет, целосно враќање на уплатените пари за авиобилет и ако имате среќа – храна, пијалаци и платено сместување во хотел додека чекате да се качите во авион. Ова им следува на патниците чии летови се одложени или целосно откажани поради магла на аеродромите. Дополнителна парична отштета на патниците за изгубеното време и за малтретирањето, според европските регулативи, не им следува.

otkazani letovi

Од „ТАВ Македонија“ истакнуваат дека и покрај одложувањата и откажувањата предизвикани од временските услови, патниците мора да пристигнат на аеродромот со цел да го регулираат правото на купениот авионски билет.

Како и досега, „ТАВ Македонија“ ги упатува патниците сите детали за промените во редот на летање да ги обезбедуваат преку веб-страницата на скопскиот аеродром http://skp.airports.com.mk,  да ја контактираат Службата за информации на телефонскиот број 389 (0) 2 3148 333, или, пак, да стапат во контакт директно со авиокомпаниите кои одлучуваат за одложување или за откажување на летовите. Нивните контакти можат да се најдат на следниов линк: http://skp.airports.com.mk/default.aspx?ItemID=411

Европските регулативи за заштита на правата на патниците во авиосообраќајот предвидуваат дека ако некој лет е одложен повеќе од пет часа, патникот може да побара да му се вратат сите пари што ги дал за билетот, но само ако одлучи воопшто да не патува. При целосно откажување на летот, патникот задолжително треба да добие финансиски надоместок. Исклучок од ова правило има само ако за откажувањето бил известен две недели пред летот, бил пренасочен на првиот следен лет до крајната дестинација или ако авиокомпанијата може да докаже дека откажувањето било предизвикано од вонредни околности.cikago aerodrom patnici

Ако летот е откажан, патниците имаат право да го побараат назад целиот износ што го платиле за авиобилетот. Ако станува збор за подолго одложување, може да избираат дали ќе се префрлат на некој друг лет или ќе ги добијат уплатените пари назад. Без разлика за колкаво чекање поради магла и други лоши временски непогоди станува збор, авиокомпанијата е должна за тоа време на патниците да им обезбеди храна, пијалаци, хотелско сместување ако е неопходно, како и евентуален превоз од хотелот до аеродромот и назад. Евентуална дополнителна парична отштета за изгубеното време и слично не е предвидена, со оглед на тоа дека станува збор за откажувања предизвикани поради елементарни непогоди, на кои авиокомпанијата не може да влијае.aerodrom

Авионските патници што сметаат дека им се нарушени правата, прво треба да поднесат жалба до авиокомпанијата, а ако не добијат одговор во рок од шест недели или не се задоволни од него, треба да поднесат нова жалба до АЦВ по пошта или преку формулар поставен на интернет-страница на Агенцијата.

Ако доцнењето или откажувањето на летот не се должи на временски услови, туку е поради некој пропуст на авиокомпанијата или, на пример, штрајк, патниците дополнително може да добијат отштета од 125 до 600 евра, во зависност од далечината на дестинацијата до која треба да патуваат и од времето на доцнење.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1