Падна сајтот на аеродромот во Скопје – нема каде да проверите кој лет е откажан


Од утринава сите летови кои беа предвидени да слетаат на аеродромот Александар Велики во Скопје се или откажани или пренасочени на околните аеродроми поради густата магла која од вчера е спуштена над главниот град. Иако од аеродромот упатуваа дека сите нови информации за летовите ќе ги има на нивниот веб сајт http://skp.airports.com.mk од пред некое време сајтот е недостапен и ја јавува оваа порака Screenshot_20Досега беа откажани Виена, Бергано, Париз и Истанбул додека летот од Лондон и Франфурт беа пренасочени на аеродромот во Охрид. Единствен начин да проверите каде и дали ќе слета некој од предвидените летови е да се јавите на телефоните на аеродромот 389 (0) 2 3148 333, или, пак, да стапат во контакт директно со авиокомпаниите кои одлучуваат за одложување или за откажување на летовите. Нивните контакти можат да се најдат на следниов линк: http://skp.airports.com.mk/default.aspx?ItemID=411

Обновено,

Сајтот на аеродромот се поврати иако повеќето функции на сајтот се уште се нефункционални но очигледно техничкиот тим работи на отстранување на проблемот

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1