Видео: Заложничка драма во Сиднеј – исламист држи триесетина луѓе во кафуле


Повеќе часови трае заложничката драма во Сиднеј каде вооружен човек, најверојатно радикален исламист држи триесетина луѓе во едно кафуле. Делот на градот во кој се случува драма е целосно блокиран, а околу кафулето се распоредени ститици полицајци. Напаѓачот на еден од прозорците во објектот го истакна знамето на Исламска држава а внатре може да се видат заложниците како стојат со рацете подигнати во воздух. Петмина заложници претходно излегоа од кафулето кое истовремено е продавница за чоколади, но не е јасно дали киднаперот ги ослободил или самите успеале да побегнат.

Untitled-12-650x325

– Напаѓачот е прилично висок, веројатно во четириесети години. Носи кошула со долги бели ракави и црн прслук. И многу е смирен – изјави еден сведок.
Австралиските медиуми преку мобилни телефони контактирале со дел од луѓето во кафулето кои рекле дека киднаперот бара средба лично со австралискиот премиер Тони Абот. Нема информации дека некој е повреден но се знае дека киданепрот рекол оти има бомби со себе, а наводно поставил експлозивни направи и околу кафулето. Премиерот Абот свика итна седница на националниот совет за безбедност по што истакна дека се работи за политички мотивиран акт, кој сепак нема да може да го промени фактот дека Австралија е отворено, мирољубиво  и велоикодушно општество. Австралиските власти претходно предупредуваа дека постои реална можност за напади од страна на џихадистите кои се враќаат во земјата од боиштата во Сирија и Ирак.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1