Ако летувате на Јадран внимавајте – има отровни риби во водата


Секое лето се заканува опасност од отровни риби, јавуваат хравстките медиуми. Нивните убоди можат да предизвикаат црвенило, оток и чешање и можат да бидат сериозни.

g_ribaЕдна од најопасните риби на Јадранот е „морски пајак’ која има отровни боцки. По убодот, ќе почувствувате болка која се шири до неподносливост.

Рибата „шкарпина” исто така има отровни боцки кои можат да порастат и до 40 см. Симптоми кои се јавуваат се црвенило и печење.

Опасност претставуваат и рибите „мурин”, кои се со тело како на змија и можат да бидат со големина до еден метар, а да тежат и до осум килограми. Живеат сокриени на дно каде има камења, а познати се како агресивни риби со големи заби и силен угриз.

Како што пренесува 24сата.хр по убодот раната требна да се измие со студена слатка или морска вода. Подврзувањето на раната, со што би се спречило ширењето на отровот низ крвотокот, треба да се направи внимателно за да не се сопре циркуалацијата.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1