Ако на пилотот му се слоши како да се спасите – Научете како да спуштите Boeing 737!


Секако дека е најдобро за никогаш и да не ви притреба, но ако се најдете во ситуација во којашто пилотите поради некоја причина се онеспособени и нема кој да управува со авионот од типот Boeing 737, еве ги инструкциите коишто би ви помогнале да бидете херој на денот.pilot kabina avion

Видео записот го снимил кој, ако не еден искусен пилот на патнички авиони, Тим Морган, на којшто играта MS Flight simulator му послужила за да ви покаже што е она најосновното што мора да го знаете.

Така Морган веќе на почетокот ќе ве научи како да контактирате со вработените во контролата за летање, чии што упатства во продолжение ќе ви бидат од круцијална важност.

Во видео записот недостасуваат и уште некои исто толку важни нешта, како на пример, не е сосема јасно како да се влезе во пилотската кабина ако пилотите одеднаш се онесвестат, но да го оставиме сега тоа на страна, бидејќи видео записот ќе ни даде одличен увид во врска со тоа за што служат сите тие тастери, односно, што ќе побараат од вас за успешно да го спуштите авионот.

Секако дека не е на одмет да се знае и ова 🙂

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1