Ако на ваш имот има бандера, водоводни цевки под земја – ќе ви плаќаат надомест со новиот правилник


Веќе од понеделник сите компании што поседуваат инфраструктурни објекти можат да го почнат премерот преку приватните геодетски фирми. Со правилникот ги пропишавме правилата на игра и може да почне премерот на инфраструктурните објекти. Ги повикувам сите компании да го направат тоа час поскоро затоа што, според законот, премерот треба да се направи во рок од пет години. Станува збор за многу објекти, за многу километри инфраструктура што треба да се премери – изјави Славче Трпески.

banderaСо премерот компаниите ќе добијат имотен лист за целата нивна инфраструктура, граѓаните јасен преглед за евентуалните водови под нивните парцели, а ќе се постигне и поголема безбедност при извршување градежни активности. Подземниот катастар е значаен и за граѓаните-сопственици на одделни парцели, под кои поминуваат голем број инсталации. По впишувањето на подземниот инфраструктурен објект, ако тој поминува под нивната парцела, ќе имаат основа да бараат надомест, односно ќе можат да го регулираат својот однос со сопствениците, Пишува Нова Македонија.

– Поголем број граѓани знаат дека на нивното место има бандера за електрична енергија, водоводна цевка или некоја друга работа. Кога ќе биде регулирано кој правно владее со инсталациите, мислам дека ќе се најде начин меѓу граѓаните и субјектите како да се решат овие прашања – вели Трпески.
Со овој процес првпат ќе се прави тридимензионално мерење, односно покрај должината и ширината, ќе се мери и висината.

– Компаниите со премерот ќе знаат точно каде им се нивните инсталации, ќе добијат имотен лист, односно ќе се стекнат со право на сопственост на тие инсталации, и ќе може во иднина да располагаат со нив. Со добивањето на имотниот лист ќе се зголеми вредноста на компанијата и тие ќе може да ја даваат под хипотека, што значи ќе добијат нови средства за да може да вложуваат и понатаму, а исто така ќе може и да ја даваат под закуп или да ја отуѓат – вели Трпески.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1