Ако не сте задоволни од одморот имате право да платите помалку – Еве колку оштета ви следува


Загубен багаж, откажан лет, повеќечасовно чекање на пат поради расипан автобус, пропаднато патување по грешка на туристичка агенција, несоодветно сместување, се само дел од непријатните ситуации за кои патниците имаат право да бараат парична отштета, пишува Дневник.

putnici_347859S1Ако се работи за пропуст на автобуски превозник, туристичка агенција или авиокомпанија, отштетата се бара од одговорните лица. Но, одредени незгоди ги покрива и патничко осигурување кое граѓаните треба задолжително да го извадат пред да заминат на одмор.

Kога станува збор за аранжмани уплатени преку туристички агенции, незадоволните патници може да добијат отштета и за уништен одмор или целосно откажано патување по вина на агенцијата. Измамените и незадоволни патници, освен што имаат право да побараат враќање на уплатените пари, дополнително може да бараат и отштета за претрпен стрес и душевна болка, како и за изгубеното време.

Ако туристичката агенција нецелосно или неквалитетно ги исполнила обврските од договорот, патниците може да бараат да платат помалку за аранжманот. Ова право потрошувачот може да го оствари доколку достави приговор до организаторот на патувањето во рок од 8 дена од денот на завршувањето на патувањето.

Тие што патуваат со автобус може да бараат отштета ако изгубат време во чекање нов превоз ако возилото со кое патуваат се расипе или ако превозникот им го загуби багажот.

lost-baggage-is-the-worstСпоред последните измени во Законот за патен сообраќај, ако автобусот се расипе превозникот е должен најмногу за еден час да обезбеди ново возило и да ги превезе патниците до бараната дестинација или да ги врати на почетната станица. За загубеното време во чекање, патниците може да бараат двојно повисока отштета од парите што ги уплатиле за превозот. Ако им е загубен багажот, а торбите не им се вратиле во рок од 30 дена, им следува отштета од околу 150 евра.

Непријатните ситуации при патување со авион, како што се откажани летови, изгубен или задоцнет багаж, како и долгочасовно чекање на аеродром, исто така може да се наплатат. Европските регулативи за заштита на правата на патниците во авиосообраќајот предвидуваат дека ако некој лет е одложен повеќе од пет часа, патникот може да побара да му се вратат сите пари што ги дал за билетот, но само ако одлучи воопшто да не патува. При целосно откажување на летот, патникот задолжително треба да добие финансиски надоместок.

prtljagИсклучок од ова правило има само ако за откажувањето бил известен две недели пред летот, бил пренасочен на првиот следен лет до крајната дестинација или ако авиокомпанијата може да докаже дека откажувањето било предизвикано од вонредни околности.

– Ако летот доцни повеќе часови или е целосно откажан, авиокомпанијата треба да му обезбеди храна и пијалаци, ноќевање, како и телефон за да го извести семејството за доцнењето. Во случај на патникот да му биде забранет влез во авионот од различни причини, тој има право на надомест од 125 до 600 евра, во зависност од доцнењето и далечината на летот – објаснуваат од Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ).

За да се заштитат при евентуално губење или доцнење на авионскиот багаж, патниците може да купат патничко осигурување што покрива ваква незгода.

– Со патничкото осигурување има опција да се добие отштета за задоцнет или загубен багаж, но само на одење. Во такви ситуации, ако се приложи потврда од авиокомпанијата дека багажот доцнел или е загубен, се исплаќа отштета до 200 евра. Тие пари се за да се купат најосновните работи додека патникот се снајде или додека не му ги најдат торбите. Но, ова осигурување не важи ако багажот задоцни при враќање – објаснуваат осигурителни агенти.

voz patnikПри патувања со воз, законот предвидува патниците да добијат 25 отсто од износот на цената на возниот билет за доцнење на возот од еден до два часа, а половина од сумата за задоцнувања подолги од 2 часа.

Kако и каде да се жалите

Авионските патници што сметаат дека им се нарушени правата, прво треба да поднесат жалба до авиокомпанијата, а ако не добијат одговор во рок од шест недели или не се задоволни од него, треба да поднесат нова жалба до АЦВ по пошта или преку формулар поставен на интернет-страница на Агенцијата.

Граѓаните, пак, кои сметаат дека се оштетени од туристичка агенција може да бараат обесштетување или преку поднесување претставка во Државниот пазарен инспекторат или преку надлежен суд. Ако инспекторите утврдат дека туристичката агенција навистина ги прекршила потрошувачките права на клиентот, пазарните инспектори ~ даваат рок од пет дена да постапи според договореното со потрошувачот. Ако агенцијата не го направи тоа, ќе добие забрана за вршење дејност, а против неа ќе се поведе и прекршочна постапка.

Повеќе на – Дневник

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1