Ако нема родителот – алиментацијата ќе ја плаќаат бабите и дедовците


Плаќањето алиментација често може да биде проблем кај самохраните родители. Од оваа есен ако во Хрватска се покаже дека родителот кој не живее со детето, не плаќа алиментација, тоа наместо него, ќе мора да го направат неговите родители, односно бабите и дедовците, пренесува „Ал Џезира“.

– Ако бабите и дедовците се во можност да плаќаат, ако се способни да плаќаат, тогаш мислам дека тоа би било во ред. Сепак се во крвно сродство и треба да ја понесат одговорноста за своите деца – вели Јасенка Ловоковиќ од Загреб.unuci-produzavaju-zivot-slika-660

Исто мисли и државата, па уште од 2003 година во законот за семејство стои дека ако родителот кој не живее со детето не плаќа за неговото издржување, судот може да одреди тоа да го прават бабата и дедото.

– Самиот суд одлучува кога плаќа поранешниот сопружник, кај кого детето веќе не живее, а кога плаќаат родителите на тој сопружник – истакнува Хрвоје Садариќ од министерството за социјална политика и млади.

baba vnuciИако постојат случаи во кои бабата и дедото ја плаќаат алиментацијата за внуците, побројни се оние случаи кога несовесниот родител е заменет од државата. За таканареченото привремено издржување Хрватска годишно издвојува околу четири милиони евра. Минатата година државата финансиски потпомогнала 2.470 деца. Во зависност од возраста на детето, помошта изнесува од 123 до 159 евра.

– Првпат со закон се уредува државата да признае привремено издржување за она дете чиј родител, односно лицето кое е должно да го издржува, не дава помош, но притоа ќе мора да се утврди и тоа дека бабите и дедовците не придонесуваат во издржувањето на детето. Досега тоа не беше пропишано толку егзактно – истакнува адвокатката Влатка Цикач.

Самохраните родители ќе може да се обратат до државата веќе по три месеци, но дури кога ќе се утврди дека освен другиот родител, ниту бабата и дедото не може да го издржуваат детето. Во едно здружение на самохрани родители сметаат дека подобрата економска ситуација во земјата би го зголемила бројот на родители што ги исполнуваат своите обврски.

– Во принцип, нашите искуства во здружението се такви да не станува збор за тоа дека родителите не сакаат да плаќаат. Луѓето се невработени, а кога татковците би добиле работа, воопшто не би се доведувала во прашање таа алиментација – истакнува Снежана Павелиќ од Здружението на самохраните родители „Једро“.

Не е спорно дека државата с` што ќе исплати за децата на самохраните родители, ќе го бара назад. Тие ќе мора несовесниот износ да го вратат со затезни камати.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1