Патрик ја пронајде Македонката во која беше заљубен


Заљубениот Патрик од Германија преку словенските медиуми ја бараше својата сакана Македонка.

pppatrikkСловенечкото радио предмалку објави дека момчето успеало да ја пронајде девојката од нашата земја.

“Здраво прекрасна девојко од Македонија чии очи не можам да ги заборавам… Се сретнавме, зборувавме, се смеевме и танцувавме близу Тромостје.

Премногу брзо мораше да заминам, а јас останав мислејќи дека повеќе нема да те видам. Тоа би било многу тажно! Единствениот начин да те најдам е преку Факултетот за општествени науки и се надевам дека ќе ја прочиташ оваа порака.

Те молам, доколку сакаш, прати ми порака“, пишува во дел од огласот преку кој Германецот се обидуваше да ја пронајде Македонката.

Патрик ја раскажа оваа љубовна бајка на екипата на ТЕЛЕГРАФ, каде можете да ја прочитате цела.

makedonka-oglas

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1