СВР Скопје, денеска од 15 часот ќе воведе посебен режим на сообраќај на возила и движење на пешаците во деловите од градот во непосредна близина на Градскиот парк поради фудбалскиот натпревар Македонија-Шпанија кој почнува во 20.45 минути.
„Ќе биде ограничено движењето на возилата по следните улици кои водат кон фудбалскиот стадион: булевар Илинден, улиците Ристо Шишков, Аминта 3-ти, Наум Наумовски-Борче, како и по сервисните улици во Градски парк околу фудбалскиот стадион“, соопшти МВР.
Ограничувањето нема да важи само за возила кои имаат акредитација за движење по горенаведените сообраќајници за влез кон фудбалскиот објект, а во однос на пешаците ограничувањето нема да важи само за лица кои поседуваат карти за гледање фудбалскиот натпревар.