Ако паднам во кома донирајте ги моите органи – последните зборови на 53-год лекар од Македонија


„Ако паднам во кома, да ги подарите моите органи“ – биле последните зборови на 53-годишниот лекар

operacija„Ако паднам во кома да ги подарите моите органи на болни на кои им требаат“. Ова било последната желба на 53-годишниот лекар пред да почине, кому семејството му ја исполнило желбата, со што се создале услови на Клиниката за урологија да се изведе кадавер-трансплантација или пресадување на органи од починато лице. Постапката за дарување на бубрезите од кадаверот се случила пред околу една недела, кога лекарот по компликациите од мозочна болест, завршил на Клиниката за анестезија и интензивна нега. Откако на неговите блиски, односно на сопругата, и’ било соопштено дека на болниот му нема спас, според клинички извори, таа поведувајќи се од желбата на сопругот, многу не размислувала дали треба или не да се дадат органите по неговата смрт, пишува Утрински весник.

„Првпат се соочивме со едно семејство кое давањето согласност за донирање на органите ја правеше со длабока свесност и позитивна енергија“, изјави д-р Софијанова, не откривајќи повеќе детали околу донорот на бубрезите.

Несреќата за едното семејството донесе среќа на други две семејства. Бубрезите се подарени на двајца кои биле на дијализа. По една недела од пресадување на органите, пациентите со пресадените бубрези се во стабилна здравствена состојба, рече директорот на Клиниката за урологија д-р Михали Пенев, без да да се каже нешто повеќе за нив. Овој пат и изборот на луѓето на кои ќе им се подарат органите одело полесно, бидејќи двајцата пациенти кои ги добиле бубрезите биле избрани од листата на приматели со веќе одредена компатибилност на ткивата.

Утрински весник 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1