Ако паѓа авион – оваа положба може да ви го спаси животот (Видео)


Во случај на принудно слетување, се препорачува завземање на таканаречената „потпорна положба“, во која стапалата се цврсто наслонети на подот, колената и стапалата се споени, додека телото е свиткано и заедно со главата, е наслонето на нозете.

322334_brace2507261b_ff

Постојат бројни теории на заговор, за целта на ваквата позиција. Според некои истата е измислена и воведена затоа што на тој начн се заштитени забите и на тој начин можат да се идентификуваат жртвите по несреќата. Некои пак сметаат дека од ваквата положба единствена корист имаат авиокомпаниите, затоа што ги зголемува шансите за смрт. Односно многу веројатно од ваквата положба, патниците би можеле да го скршат вратот и на тој начин, авиокомапниите да заштедат на здраственото осигурување

avion-izmirНо, сепак неколку направени истражувања покажале дека токму ваквата положба придонесува за заштита од посериозни повреди, а некогаш и избегнување на сигурна смрт.
Стив Олрајт од авиокомпанијата „Бритиш Ервејз“, тврди дека ваквата положба на телото е глобално призната за безбедна техника која спасува животи.

Последната голема корекција на оваа позиција беше воведена во Велика Британија по несреќата на 8 јануари 1989 година, кога авионот Боинг 737-400 паднал во ров до М1 автопатот во Кегворта. Во тој момент загинале 47 патници, од вкупно 126, додека 74 биле сериозно повредени. Универзитетот во Нотингем спровел студија за безбедност, а корекциите на положбите на авиокомпаниите се воведени во 1993 година.

Австралиска цивилна воздушна пловидба дала пример за уништувањето на авионот со 16 патници. Во времето на судирот, загинале сите освен еден. Но, за разлика од другите патници кои спиеле во тој момент, преживеаниот, бил буден и ја заземал токму ваквата позиција.

И ,, ловците на митови,, ја тестираа оваа положба 

Популарното телевизиско шоу „разбивачи на митови“, направиле експеримент со кукли. По падот на авионот во една пустина во Мексико, било утврдено дека една од куклите која била наместена со безбедносната положба, преживеала. Другата имала сериозни повреди по главата, додека третата била до тој степен оштетена, што доколку на некјзино место би бил човек тој не би преживеал. Ваквата положба утврдено е дека ги штити нозете од какви било фрактури при судир со седиштето што се наоѓа пред патникот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1